Пандев се радува – Болоња во фото-финиш го победи Лече со 3:2

Болоња го победи Лече со 3:2, а голот на Муса Бароу за победа на домаќините постигнат во фото-финиш може да ја одлучи и судбината на последниот патник во Серија Б.

На радост на Горан Пандев и неговите соиграчи од Џенова, гостите загубија, иако беа на прагот да освојат еден бод. Болоња поведе со два гола во првите пет минути, а стрелци беа ветераните Паласио и Соријано.

Лече успеа да се врати во игра и најпрво намали на 2:1 со голот на Марко Манкосу во финишот на првото полувреме, а потоа и израмни со погодокот на Фалко по 66. минути игра.

Кога се чинеше дека ќе има реми во Болоња на сцена стапи Бароу и со победнички гол во 93. минута ги урна надежите на Лече за поволен резултат на „Ренато Дал Ара“.

Болоња се проби на 10. место со 46 бода, а Лече остана на 18. позиција, последна која води во понисок ранг со 32 бода. Џенова е пред нив со 36 бодови на две кола до крајот и им требаат уште два бода за спас. Пандев исоиграчите имаат и предност во однос на Лече, бидејчи имаат подобар меѓусебен биланс со победа на домашен терен и реми на гости.

- Оглас -

Најнови вести