Пандев: Со ваква игра имаме огромни шанси да го победиме Косово

Капитенот Горан Пандев истакна дека третото место во групата Г за Македонија е успех и заслужен пласман, иако не носи настап на Европското првенство што ќе се игра следната година.

Македонија го победи Израел со 1:0 и го заокружи најуспешниот квалификациски циклус во историјата со прв пласман на третата позиција, но капитенот очекува да играме на следното ЕП.

„Одигравме добар квалификациски циклус и сега очекувам во март да одиграме квалитетно и против Косово. Покажавме дека знаеме да играме фудбал, верувам дека ќе ја имаме поддршката од публиката, која е наш 12-ти играч, и имаме огромни шанси да го победиме Косово. Македонија има квалитетна фудбалска репрезентација што заслужува да игра на европското првенство следната година“, изјави Пандев по победата против Израел.

Сега ни останува пореалната втора шанса, а ни треба победа против Косово. Против нив ќе играме нокаут-полуфинале во Лигата на нациите во март на домашен терен и потоа ако стигнеме до финалето во Сегментот Д, треба да ги победиме Грузија или Белорусија за да играме на прво големо натпреварување во сениорска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести