Пандев: Тешко е кога ќе загубите незаслужено

Примивме гол од ситуација која ретко се случува, една низа на несреќни моменти и секако дека сме разочарани, бидејќи одлично им париравме на Полјаците. Покажавме дека сме физички и психички подготвени да се носиме и со подоброрангирани селекции, но за несреќа загубивме. Ваквите порази болат. Сепак верувам дека ќе се издигнеме над ситуацијата и ќе одиграме добар меч и со Австрија, изјави капитенот Горан Пандев по мечот со Полска.

Видливо беше дека лидерот на македонската репрезентација тешко го прифати поразот, што дојде по еден момент на невнимание и многу среќа за Полјаците. Пјонтек ја искористи шансата во 47. минута, само 60-на секунди откако влезе во игра, постигна победнички гол, а не остави нас да тагуваме.

Сепак време за многу анализи зошто загубивме од Полска нема, бидејќи во понеделник ќе и излеземе на мегдан на Австрија, повторно во Скопје.

„Играат слично како и Полска, но и сега и претходно покажавме и индивидуално и тимски дека имаме и сила и квалитет да се надигруваме и со посилни репрезентации. Верувам дека експресно ќе се рехабилитираме и пак ќе покажеме карактер и силна волја за победа и против Австрија“, додаде Пандев.

Мечот сол Австријците ќе се игра на арената „Тодор Проески“ од 20.45 часот во понеделник.

 

- Оглас -

Најнови вести