Пандев уште еднаш покажа зошто од Џенова не сакаат да оди во пензија

Горан Пандев уште еднаш потврди колку е значаен во играта на Џенова постигнувајќи го погодокот со гол неговиот тим стигна до бод во дуелот против Удинезе. Пандев беше стартер и по само 10 минути игра успеа да ја затресе мрежата на гостите. Погодокот на Пандев може да го видите ТУКА.

Водството на Џенова траеше до 30 минута кога беше досуден пенал за гостите. Де Паул погоди од пенал за 1:1, резултат кој се покажа дека ќе биде конечен.

Пандев играше до 70 минута кога го напушти теренот. За Удинезе во 81 минута во игра влезе Илија Несторовски, кој имаше и една шанса за погодок, но беше непрецизен. И Пандев и Несторовски добија по еден жолт картон.

- Оглас -

Најнови вести