Пандев вечерва станува апсолутен рекордер

Горан Пандев во четвртокот го прослави јубилејниот 100-ти натпревар во дресот на македоснката репрезентација, а со тоа се израмни и со рекордерот Гоце Седлоски. Некогашниот дефанзивец во националниот тим беше прв кој стигна до 100 меча за националниот состав, но тука и застана. Седлоски се прости од македонскиот дрес точно по 100 одиграни средби.

Фактот дека Пандев вечерва ќе игра за Македонија против Словенија, всушност значи дека популарниот Гоче ќе биде прв кој стигнал до 101 настап и ќе биде новиот рекордер. Освен што ќе го надмине Седлоски, Пандев го држи и рекордот по бројот на постигнати голови за „рисовите“. Вкупно 33 пати капитенот се радувал на погодок во националниот тим, што значи дека постигнува гол на секој трет натпревар.

Како вистински капитен и предводник на Македонија на теренот, Пандев од денеска ќе биде апсолутен рекордер и по бројот на погодоци во репрезентативниот дрес и по бројот на настапи. Најубаво за да се круниса овој рекорд е Пандев против Словенија да успее да постигне и погодок во Љубљана.

Мечот се игра со почеток од 20:45 часот, а ниту една македонска телевизија нема да врши преднос. Мечот ќе биде пренесуван на каналите на Спорт клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести