Пандев во нападот со Роналдо во тимот на ветерани на ЕП (фото)

Горан Пандев, капитенот на македонската фудбалска репрезентација, го предводи тимот од 11 ветерани на кои ова Европско првенство ќе им биде последно.

За Гранде Пандев воедно е и прво големо натпреварување, а со 37 години е трет најстар фудбалер кој ќе заигра на 16-тото издание на фудбалскиот континенталер турнир во Европа.

Заедно со него, во нападот е големиот Кристијано Роналдо, како и Дрис Мертенс од Белгија. Во средниот ред командува Златната топка од 2018 година, Лука Модриќ, заедно со Справ и Ларсон. Одбраната ја сочинуваат Кјелини, Гранквист, Пепе, Пекарик и голманот Пјатов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести