Пандев заврши со репрезентацијата, но не и со клупската кариера?

Горан Пандев се прости од репрезентацијата на Македонија по настапот на Европското првенство, меѓутоа уште нема донесено конечна одлука дали ќе ги закачи копачките на клин. Додека се двоуми, Џенова му достави официјална понуда за продолжување на соработката на уште една сезона.

На 37 години, по 122 настапи и 38 гола во репрезентативниот дрес, Пандев одлучи дека е доста нагласувајќи дека тешко му е да игра на два фронта, но најдобриот македонски фудбалер во историјата во најскоро време треба да одговори на понудата на која стигна од „Луиџи Ферарис“.

Уште пред да заврши минатата сезона, тренерот Давиде Балардини во неколку наврати посочи дека сака да го задржи Пандев во своите редови барем уште една сезона бидејќи неговото искуство и квалитет е од големо значење за Џенова.

- Оглас -

Најнови вести