Паненка и лоб а‘ла Меси – Вака се постигнуваат деби голови (видео)

Шампионот од сезоната 2017, тимот на Торонто, ноќеска ја запиша и третата последователна победа на стартот од МЛС лигата, со победа над Њујорк сити од 4-0.

Тоа беше меч во кој дебитираше нивното најново засилување, Алехандро Позуело, за кого исплатија 10 милиони евра на белгиски Генк. Шпанецот имаше деби од соништата, му асистираше на Алтидор при првиот гол, додека вториот и третиот гол се во негова креација.

Позуело за 2-0 погоди од пенал и тоа со мајсторска „паненка“, додека третиот гол е многу сличен како оној што го постигна Меси во мечот против Бетис пред помалку од еден месец, само што фудбалерот на Торонто шутираше од десната страна.

- Оглас -

Најнови вести