Панцерите ќе протестираат и против Македонија

Во пресрет на историското гостување на Македонија кај Германија во Дусибург, од таборот на Панцерите најавија протест пред стартот на вечерашниот натпревар (20:45 часот).

Германците ја продолжуваат борбата за човековите права и против ширењето омраза и расизам, па за вечерва најавија дека ќе клечат пред првиот судиски свиреж.

Пред средбата против Исланд, Германците на теренот се појавија со маички „човекови права“, поддржувајќи го протестот на Норвешка околу изградбата на инфраструкутурата за Мундијалот во Катар, каде што наводно досега починале повеќе од 6.500 мигратни кои работеле на изградба на стадионите со цел да спечалат денар повеќе.

- Оглас -

Најнови вести