28.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Паоло Малдини подготвен да биде тренер на повеќе ѕвезди во тим од Саудиска Арабија

Еден од најдобрите дефанзивни фудбалери во историјата на овој спорт, Паоло Малдини, е подготвен да влезе во тренерските води. Според тврдењата на реномираниот новинар Фабрицио Романо, Малдини е главен кандидат да го наследи Португалецот Нуњо Еспирито Санто, кој доби отказ од екипата на Ал-Итихад во Саудиска Арабија.

Санто доби отказ откако се скара со првата ѕвезда во тимот, Карим Бензема. Францускиот голгетер даде ултиматум до челниците на клубот дека или тој или Санто ќе мора да си замине. На крајот, тимот остана без тренерот, а сега се очекува Малдини да го замени. Освен Бензема, во Ал Итихад играат и Нголо Канте, Фабињо и Луис Фелипе.

Малдини кој има 56 години досега никогаш не бил прв тренер на еден тим. Од 2018 до 2023 година беше еден од водечките луѓе во Милан, откако прво работеше како спортски директор, а потоа и како директор за стратешки развој на клубот. Во јуни доби отказ од Милан, клуб во кој ја помина целата своја кариера од 1978 до 2009 година.

- Оглас -

Најнови вести