Папараци открија каде ќе игра Дибала во следната сезона

Пауло Дибала не е среќен со улогата на резерва во Јувентус, не стои добро со Кристијано Роналдо, ќе биде продаден во Интер и слични шпекулации се вртат околу името на аргентинското крило, но Дибала беше „фатен“ од „папараци“ во новиот дрес на Јуве за следната сезона.

Фотографијата која е направена скришно покажува дека Дибала бил на фотосесија пред промоција на новите дресови на „старата дама“ за следната сезона. Ова е силен сигнал дека Дибала и во следната сезона останува „десетката“ на Јувентус.

Покрај 25-годишниот Дибала, кој сезонава даде само по пет гола во Серија А и Лигата на шампионите, во новиот дрес на „бјанконерите“ се сликаше и Федерико Бернардески.

Дека нема ништо од трампата Дибала за Икарди, потврди и сопругата на екс капитенот на Интер и негова менаџерка, Ванда. Таа рече дека децата се запишани во училиште во Милано и семејството Икарди нема намера да се пресели.

 

- Оглас -

Најнови вести