Папараците го уловија, Ѓоковиќ „си најде партнерка“ за играње во мешани двојки (Фото)

Новак Ѓоковиќ со семејството е во Црна Гора, но не заборава на тенисот и почна да тренира и да се подготвува за настап на турнирите во САД на тврда подлога.

Она што ги загрижува неговите навивачи е стегачот на десната рака, и се прашуваат дали има повреда на лактот или станува збор само за мерка за претпазливост.

На терените во Црна Гора, покрај соработниците, со него е и сопругата Јелена, како спаринг партнер. Се чини дека им било интересно да играат заедно, а папараците фатија и еден бакнеж на брачниот пар Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести