Парче пилешко месо му помогнало на Евра да потпише за Манчестер јунајтед

Патрис Евра може да се пофали дека во текот на кариерата освои повеќе од 20 важни трофеи. Талентото го покажа како играч на Монако, потоа блесокот го доживеа носејќи го дресот на Манчестер јунатед, а на трофеи се радуваше и како играч на Јувентус. Минатата година ја заврши кариерата, а последен клуб за којшто играше е Вест хем.

Евра беше дел од генерацијата на Монако што во 2004 година играше во финалето на Лигата на шампионите, но францускиот тим беше поразен од Порто. Евра продолжи да игра во добра форма, а тоа му донесе трансфер во Манчестер јунајтед во 2006 година.

„Луѓето зборуваат за финалето во ЛШ со Монако во 2004 година, но најлудиот дел од мојата кариера во Монако дојде по еден меч додека настапував за У21 селекцијата на Франција. На еден меч во националниот дрес, противникот ме нагази на зглобот. Бев во болница и му реков на тренерот Дидие Дешамп дека нема нема да можам да играм бидејќи премногу ме боли. Но, му бев потребен на тимот и докторите се обидуваа да ја санираат повредата на секој можен начин. Во еден момент некој предложи да ставам парче пилешко месо како облог на зглобот. Тогаш купив нови копачки. Едната беше со број 42,5, а другата со број 44 за да може да го собере и парчето месо до зглобот. Се обидов да ја додадам топката и успешно го направив. Ме болеше, но тоа беше поднослива болка. Во следните четири месеци играв со парче пилешко месо на зглобот. Продолжив со добрите игри, а потоа дојде и трансферот во Манчестер јунајтед во 2006 година“, откри Евра.

Во дресот на најтрофејниот англиски клуб Евра се радуваше на пет титули во Премиер лигата, три во Лига купот, пет во Комјунити шилд и по еден трофеј во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести