Парехо со невидена леснотија ја собра пајажината, штета што слободниот не е доволен за Валенсија (видео)

Фантастичкиот погодок од слободен удар на Дани Парехо не беше доволен за Валенсија да ги освои бодовите на гостувањето кај Алавес. Лилјаците од можни три бода освоија само еден при ремито од 1-1 и си ги намалија шансите во битката за топ 4 позициите во Ла Лига.

Капитенот на гостите со невидена леснотија ја собра пајажината од голот на Алавес, додека домашниот состав во 73-тата минута преку Мендес го постави конечниот резултат.

Валенсија останува на седмата позиција со 42 бода, Алавес има 10 помалку.

https://www.youtube.com/watch?v=9ComZcnOM0g

- Оглас -

Најнови вести