Паричната награда која ИХФ ќе му ја додели на светскиот првак е смешна

Паричната награда која Светската ракометна федерација ИХФ ќе му ја додели на светскиот првак на шампионатот во Египет, може да се каже дека е симболична, и според информациите на ББЦ, изнесува само 80.000 евра.

Ова значи дека Данска и Шведска во финалето од 17.30 часот ќе играат за трофеј, златни медали, слава и престиж, а никако за пари, бидејќи 80 илјади евра која треба да се подели на цел тим од 20-тина лица, е смешна сума за напорот кој е даден да се дојде до титулата.

За споредба, фудбалската репрезентација на Франција, која стана светски првак во 2018 година на Мундијалот во Русија, за титулата доби 29 милиони евра. Затоа, овие 80 илјади за кои се зборува (ИХФ со години ги крие износите на паричните награди) делуваат премалку.

Инаку, според обложувалниците, поблиску до победата е Данска, но Шведска својата последна титула во 1999 ја освои токму во Египет, а и во полуфиналето против Франција покажа дека и вака ослабена и подмладена селекција, без десетина играчи кои не допатуваа, има квалитет за највисоки дострели.

- Оглас -

Најнови вести