Парма беше на чекор од враќање во Серија А, па Калјари ја искористи измената на Буфон

Калјари ја победи Парма со 3-2, иако гостите водеа со 2-0 до 68-мата минута од овој полуфинален бараж за пополнување на италијанската Серија А.

Калјари губеше 1-2 во 85-тата минута, а тогаш со два гола за четири минути го свртеа резултатот и со предност ќе одат на реваншот во Парма.

Џанлуиџи Буфон на 45-годишна возраст се надева дека ќе се врати во елитната италијанска лига, бранеше само во првото полувреме, кога неговите соиграчи беа блиску до одличен резултат кој ќе ги донесеше на прагот на финале против Бари или Судтирол. По излегувањето на Џиџи, Парма прими три гола и ќе мора на реваншот дома да брка победа против тимот од Сардинија.

 

- Оглас -

Најнови вести