Парма остана блиску до еврозоната со победа против Лече (Видео)

Парма го победи Лече со 2:0 во последниот меч од 19-тото коло во Серија А и остана блиску до еврозоната, одосно до позициите што гарантираат настап во европските купови.

Јакопони со гол во 57-мата минута го начна Лече, а дилемите ги разреши Корнелуис со втор погодок на мечот во 72-рата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=DA933kehnjE

Парма имаше уште неколку шанси за поубедлива победа, една од нив утна и Дејан Кулушевски, но победата е важна и го доведе клубот до седмото место во Калчото со 28 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=dpI6tODLTP0

Лече го претрпе десеттиот пораз сезонава и е на 17-тата позиција, едно ниво над опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести