Парниот ваљак задоцнето, ама гази, нова херојска победа во маратонски меч на Партизан

Карлик Џонс и Стерлинг Браун кои заедно дадоа 49 поени, му ја донесоа петтата евролигашка победа по ред на белградски Партизан, овојпат против Валенсија со 110-104 и тоа во меч со две продолженија.

На шпанскиот тим му требаше победата за битката за плејоф, беа мотивирани, добро тргнаа, но Партизан постојано се враќаше, а на крај и триумфираше за радост на публиката.

Другиот шпанско-српски дуел се играше во Барселона, каде Барса ја доби Црвена ѕвезда со 92-88, а и таму се играше продолжение. И покрај поразот, Ѕвезда уште е на позиција на табелата која води во плејин разигрувањето. Во следното коло, ќе има големо белградско дерби во Евролигата, па ќе биде интересно, бидејќи Партизан е во голем налет, а на Црвено-белите победата им е попотребна.

Вечерва во Евролигата беше поставен еден рекорд. Во првото полувреме на средбата Басконија – Хапоел Тел Авив имаше дури 131 поен, и тоа е беше најефикасно полувреме во историјата на Евролигата. Овој супер ефикасен меч го добија Баскијците со 118-109.

- Оглас -

Најнови вести