Партија на кариерата за магичниот Лука, Хјустон гази во низа (видео)

Лука Дончиќ ноќеска ја одигра најдобрата партија во кариерата откако е во НБА-лигата. Магичниот Словенец со троен учинок од 42 поени, 12 асистенции и 11 скока го предводеше Далас до осмата победа сезонава. Маверикс на домашен терен го совладаа тимот на Сан Антонио спарс со 117:110, меч кој Лука ќе го памети како најефикасен досега.

Дека чекори по стапките на неговиот идол Леброн Џејмс, потврдува фактот што Дончиќ е единствениот кошаркар покрај Кралот кој на 20 години успеал да реализира барем 40 поени и воедно да запише трипл-дабл.

Ниту Маверикс во својата историја немале играч кој завршил со 42 поени и бил двоцифрен уште во две други статистики, ниту на големиот Новицки не му успеало тоа, но Дончиќ е решен да ги помести сите граници.

Хјустон рокитс ја нанижа осмата последователна победа надигрувајќи го тимот на Портланд трејлблејзерс со 132:108. Ракетите одново се потпреа на нивната прва ѕвезда Џејмс Харден, а популарниот Брада заврши со 36 поени, првпат по седум меча да реализира помалку од 40 поени.

За продолжување на победничката серија придонесе и Расел Вестбрук со неговиот трипл-дабл од 28 поени, 13 скока и 10 асистенции, како и Капела со дабл-дабл од 22 поени и 20 скока, додека за Портланд најдобар беше Мекколум со 25 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=JBIAOH-5JQU

Oстанати резултати:

Њујорк 123:105 Кливленд, Бруклин 86:115 Индијана, Торонто 132:96 Шарлот, Чикаго 101:115 Милвоки, Феникс 85:99 Бостон, Јута 102:112 Минесота, ЛА клиперс 90:88 Оклахома.

- Оглас -

Најнови вести