Партија за паметење на Димитријевиќ: Само втор кошаркар во македонската историја со ваков ефект (Видео)

Македонија загуби од Литванија со 94-72 во квалификациите за Европското првенство, а Ненад Димитријевиќ мечот го заврши со 43 постигнати поени. Ефектот на нашиот најдобар кошаркар сигурно ќе беше и подобар доколку не се повредеше на шест минути до крајот од натпреварот, кога се уште бевме во игра за победата на овој меч.

Само еден играч во историјата на македонската кошарка ја има минато границата од 40 поени на официјален меч (не се сметаат пријателските). Кошаркарот на 20-тиот век, Петар Наумоски, на 11.10.1995 против Финска (94-102) во Скопје во меч од квалификациите за Еевропското првенство 1997 првпат постигна 40 поени, а овој рекорд го сруши две години подоцна, односно на 29.11.1997 во квалификациите за континенталниот собир во 1999-тата година, кога во „Кале“ ѝ даде 49 поени на Полска во победата на Македонија од 79-72.

Ефектот на Димитријевиќ против Литванија од 43 поени е втор најдобар во историјата на македонската кошарка на официјален меч, а Нено стана само вториот кошаркар кој успеал да ја мине границата од 40 поени.

- Оглас -

Најнови вести