Партизан го оствари четвртиот најголем камбек во историјата на Евролигата

Кошаркарите на Партизан вечерва во неверојатен натпревар успеаја да со совладаа Макаби Тел Авив со 88:79 во „Штарк арена“ и притоа го забележаа најголемиот камбек во клупската историја во елитното натпреварување и четврти најголем во историјата на Евролигата.

Црно-белите катастрофално го започнаа мечот со 0:16, а во вториот дел имаа негатива од 15:39, но и покрај тоа на крајот успеаја да слават и да испишат историја.
Поголеми пресврти во Евролигата направиле само три екипи.

Во сезоната 2012/13 полскиот Проком успеа да надомести негатива од 28 поени и да ја победи Монтепаски Сиена.

На второто место е камбекот на Бамберг против Барселона од минус 27 во сезоната 2017/18, а на третото место е Армани Милано кој надомести негатива од 25 поени против Дарушафака во сезоната 2016/17.

- Оглас -

Најнови вести