Партизан им приредува шокови на своите навивачи

Вистинска драма се одвива на стадионот на Партизан во Белград, каде шѕо Црно-белите играат реванш против молдавски Шериф Тираспол од Конференциската лига.

Партизан славеше на првиот меч со 1-0, а вечерва дома поведе со 1-0 и се чинеше дека пласманот во следната рунда е речиси обезбеден. Но, голот од пенал кој го даде Шериф во 22-рата минута ја смени сликата на теренот. Молдавците постигнаа уште два гола, водат со 3-1 и ако вака заврши мечот, тие одат понатаму, а Партизан е во аут.

Пред мечот, фановите на Партизан бараа оставки од раководството на клубот. Ако нивниот миленик биде елиминиран од Шериф, овие барања сигурно ќе станат уште погласни.

- Оглас -

Најнови вести