Партизан имаше среќа, би требало да игра во групната фаза

За разлика од Македонија која остана без ниту еден претставник во квалификациите од натпреварувањата на УЕФА, Србија има дури четири претставници. Шампионот Црвена Ѕвезда се најде во центарот на вниманието на ждрепката во Лигата на шампионите, затоа што може да гледаме дуел против хрватскиот првак Динамо Загреб.

Во квалификациите од Конференциската лига, Србија има дури три претставници. Партизан доколку го помине тимот на Сочи, во плеј-офот ќе игра со подобриот од двомечот Санта Клара – Олимпија Љубљана. Португалската Санта Клара е тимот кој го елиминираше Шкупи и тоа многу лесно со 5:0 во двомечот.

Војводина ако успее да го победи ЛАСК од Австрија, може да игра против Галатасарај, ако турскиот гигант го елиминираСент Џонстон од Шкотска. Чукарички за ривал го има Хамерби, а ако помине понатаму, ривал ќе биде подобриот од Ујпешт – Базел.

Вележ од Босна и Херцеговина го направи најголемото изненадување откако успеа да го елиминира АЕК од Атина, а сега ако го помине Елфсборг од Шведска, за ривал ќе го има подобриот од дуелот Луцерн – Феенорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести