Партизан ја доби битката за второто место во АБА-лигата

Кошаркарите на Партизан во претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната со 83:89 го совладаа Будуќност во Подгорица и во плејофот ќе стартуваат од втората позиција.

Црно-белите пред последното 26-то коло имаат учинок од 19 победи и шест порази, Будуќност има 18-7, додека предноста на домашен терен во текот на целиот плејоф ќе ја има Црвена звезда која има скор 20-4.

Херој на Партизан беше Зек Ледеј кој во последната минута постигна пет поени по ред и од 81:82, го однесе Партизан на 83:87 на 31 секунда до крајот. Победата ја завери Кевин Пантер со две слободни фрлања на 18 секунди за конечни 83:89.
Токму Ледеј беше најдобар кај Партизан со 22 постигнати поени, Кевин Пантер даде 19, додека кај Будуќност најдобар беше Маги со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести