Партизан најавува дека ќе има многу голови против Велшаните

Партизан е на прагот да се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, а преостанува црно-белите да ја довршат работата против екипата на Конахс Ки од Велс. На првиот меч на гости Партизан победи минимално со 1:0. Иако гостите имаа многу шанси за погодок, реализираа само еднаш.

Утре, на свој терен во Белград, Партизан треба да потврди дека е многу подобар тим од велшкиот противник. Тренерот Саво Милошевиќ најавува офанзива, а очекува и многу подобра реализација на своите фудбалери, но знае дека мора да се има и претпазливост.

„Не ни беше лесно во првиот меч, знаеме дека нема да биде лесно ниту во реваншот. Сепак има еден податок кој им го кажав на момците. На првата средба ние направивме само 13 фаули, а противникот дури 27. Тоа може да е и добро бидејќи пред нашата публика ќе се обидеме дополнително да ги намалиме прекините, кои противникот сигурно ќе сака да ги има. Ќе се обидеме да бидеме брзи и да биде топката во игра. Против Инџија и против Велшаните имавме 47 шута кон противничките голови, што покажува дека релативно лесно стигнуваме во позиција за шанса. Сепак, реализацијата недостасува. Знам дека не може да се случува постојано да имаме по 20 удари, а да дадеме само еден гол. Ќе има повеќе голови“, рече Милошевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести