Партизан напаѓаше, Флора постигна историска победа (Видео)

Флора Талин забележа прва и историска победа во еврокуповите откако вечерва славеше против белградскиот Партизан со 1:0, во меч од петтото коло во Конференциската лига на УЕФА.
Мартин Милер во 44-тата минута го постигна историскиот гол за Флора, за прва победа во дебитантскиот настап на естонската екипа во еврокуповите.
Партизан имаше комплетна иницијатива во второто полувреме, но не успеа да избегне пораз.
И покрај неуспехот во Талин, Партизан остана на второто место на табелата со 7 бода, зад Гент со 10 и пред Флора со пет и Анортозис со два бода.
Во вториот дуел што се играше денеска од 16.30 часот, Базел го победи Каират со 3:2 на гости и си обезбеди настап во следната фаза.
- Оглас -

Најнови вести