Партизан немаше шанса да не победи во атмосферата која ја направија навивачите

Навивачите на Партизан ја исполнија белградската „Штарк арена“ и дадоа огромен придонесе во победата на нивните миленици против Макаби Тел Авив од 96-88, во вечерашниот последен меч од кошаркарската Евролига.

Гробарите направија прекрасна атмосфера и кореографија, и беа ветерот во грб кој им беше потребен на играчите во црно-бели дресови. Партизан понесен од поддршката од трибините, одигра одлична последна четвртина и дојде до нова победа.

После осум кола, и Партизан и Макаби имаат по четири победи и четири порази, колку што имаат пет тима пласирани од седмо до 11-то место. Гордоста на Израел сега има три порази по ред, додека Партизан се извади за дебаклот против Олимпијакос во минатото коло.

- Оглас -

Најнови вести