Партизан нуди награда од 150.000 евра за тој тим што ќе ја победи Црвена ѕвезда!

Белградските ривали Црвена ѕвезда и Партизан водат жестока битка за титулата во Суперлигата на Србија, двата тима денеска ги играат своите мечеви од вонредното коло, а борбата се води и надвор од фудбалските терени.

Според српскиот „Курир“, раководството на Партизан ветило премија од 150 илјади евра за тимот кој до крајот на сезонава би ја совладал Ѕвезда и со тоа индиректно би му помогнал на Партизан да стане првак. Ѕвезда попладнево игра дома со Чукарички.

Црвено-белите имаат два бода предност на пет кола до крај. Според некои информации, и Ѕвезда не седи со скрстени раце, па наводно им исплатила 50.000 евра на тимови кои сезонава играле нерешено со Црно-белите.

Денеска од 14 часот Партизан игра дома со ТСЦ Бачка Топола. Поради несогласување со терминот во кој се игра, навивачката група „Гробари“ најави бојкот.

- Оглас -

Најнови вести