Партизан приреди сензација во Германија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Партизан приредија сензација во третото коло во Лигата на конференции славејќи на гостувањето кај Келн со 0:1. Светозар Марковиќ уште во деветтата минута постигна гол, кој на крајот се покажа како решавачки за победникот. Со оваа победа, Партизан се искачи на делба на првото место на табелата во групата Д со пет бода заедно со Рен.

Со победи од гостувањата се враќаат и Слован Братислава, кој со 2:0 го победи Базел, Клуж, кој оствари минимален триумф во Прага против Славија, како и Фиорентина, која со 3:0 го совлада Хартс.

Вилјареал на „Керамика“ немаше милост за Австрија Виена и ѝ даде пет гола, додека АЗ со 3:2 го совлада Аполон. Единствениот натпревар во вечерната програма во Лигата на конференции кој заврши без голови беше меѓу Ригас и Башакшехир.

- Оглас -

Најнови вести