Партизан утре ќе го претстави Филиповски

Сашо Филиповски, словенечкиот стратег со македонско потекло, утре ќе биде претставен како нов тренер на кошаркарскиот клуб Партизан. Од таборот на белградскиот клуб уште не се обелоденети деталите околу соработката, но српските медиуми веќе ја потврдија оваа вест и само се чека официјализација.

Филиповски на клупата на Црно-белите ќе го замени отпуштениот Владо Шчепановиќ. Инаку кандидат за кормилото на Партизан беше и Александар Џикиќ, ексселекторот на Македонија, но тој ја одби шансата да се врати во клубот.

Десна рака на Филиповски ќе му биде Боби Митев, некогашниот предводник на МЗТ Скопје, со кого соработува веќе долго време. Филиповски во минатото работеше во Олимпија, Рома, Монако,Туров, Локомотива Ростов, Банвит и уште неколку помалку познати екипи.

- Оглас -

Најнови вести