Пасиенсија немаше трпение и брзо го реши Баер, но играч на мечот е голманот

Ајнтрахт го совлада Баер Леверкузен со 3-0 и сега двата тима се изедначени со по 14 бода на седмо односно осмо место на бундеслигашката табела.

Пасиенсија во 4 и 17-та минута даде два гола со кои ги смири гостите, и им најави дека не треба да се надеваат на освојување бод или три, а конелните 3-0 беа дело на Бост. Головите на Пасиенсија беа најбрзите два за Ајнтрахт во последните 13 години.

Пред тоа, голманот на Ајнтрахт, Данецот Фредерик Ренов, правеше чуда на голот. Имаше неверојатни одбрани со кои ги излуде напаѓачите на „фармацевтите“. И тој еден пат кога некако го совладаа, голот беше поништен по прегледување на снимка.

 

- Оглас -

Најнови вести