Патеката во Мексико е најтешка во Формула 1

Условите во кои се вози на патеката „Ерманос Родригес“ во Мексико сити се најтешки во Формула 1 шампионатот, велат стручњаците, па затоа можни се изненадувања.

На вчерашниот прв слободен тренинг, најбрз беше Даниел Рикјардо од Ред Бул, кој најави атак и на пол-позицијата. Лани победи Макс Верстапен, истотака од Ред Бул кој користи мотор на Рено. Луис Хамилтон лани трката во Мексико ја заврши дури на деветтото место, и тоа е доказ дека тука не постојат правилата како на другите трки.

Во Мексико не можете да планирате ништо однапред, па ако Хамилтон повторно биде деветти, а Себастијан Фетел победи, ќе има ново одложување на шампионската промоција.

Патеката во Мексико е долга 4.304 метри, в недела ќе се возат 71 круга, а таму првпат е возено во 1963 година. Најголем проблем е што таа се наоѓа на надморска височина од околу 2.000 метри. Тоа значи дека воздухот е разреден, има само 78 отсто кислород, и тоа влијае врз ладењето на моторот и сопирачките. И ДРС системот тука не е толку функционален како на другите трки.

- Оглас -

Најнови вести