Патиките со кои Џордан освојуваше титули во НБА продадени за неверојатна сума

Шест пара патики кои легендарниот Мајкл Џордан ги носеше на натпреварите во кои освојуваше НБА-титули во 1990-тите години се продадени за осум милиони долари на аукција која се одржа во Њујорк, објави аукциската куќа „Сотби“.

„Рекордната сума платена за патики е оддавање почит на најдобриот на сите времиња. Овој момент не може да се спореди со ништо во историјата на аукциите, а продажбата на шест пара патики во кои се освојувани титули најверојатно нема да се повтори“, изјави Брам Вачер од „Сотбис“.

Сепак, ова не е најскапо продадена меморабилија на Џордан, рекордот го држи дресот кој летечкиот Мајкл го носеше на првиот натпревар од неговото последно НБА-финале во 1998 година, кој е продаден за 10,1 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести