Веруваше во својот поранешен тим: Патрис Евра на полувреме го најави пресвртот на Манчестер ј. и типуваше резултат 3:2

Некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, сега често работи како аналитичар на дуелите од англиската Премиер лига, посебно кога игра неговиот поранешен клуб.

Манчестер јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ на полувремето губеше со 0:2 од Астон вила, а на полувремето Евра даде анализа и предвидување во кое малкумина веруваа. Французинот најави дека Манчестер јунајтед може да се врати во игра и да победи со 3:2.

„Ако продолжат да играат на ист начин и ако малку повеќе се фокусираат на прекините, нема да бидам изненаден Манчестер јунајтед да победи со 3:2“, рече Евра на полувремето, а по средбата беше горд на својата анализа и на предвидувањето.

„Јас бев единствениот лудак кој веруваше и рече дека доколку тимот продолжи да игра во исто темпо, Манчестер јунајтед може да постигне три гола и да победи“, задоволно коментираше Евра по мечот на кој неговиот екстим победи со 3:2.

Ова е дури 14-ти пат Манчестер јунајтед во првенството да губи со два или повеќе разлика и на крајот да победува. Сите останати клубови во оваа категорија се со едноцифрен број на дуели на кои победиле, откако губеле со два или повеќе разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести