„Пациентот 31“ сотрел цел град со Коронавирус

Јужна Кореја со малку повеќе од 9.000 случаи на заразени и 120 мртви е една од најпогодените земји од Коронавирусот, а некогашниот црногорски репрезентативец, Дејан Дамјановиќ, кој игра за Даегу, ја пренесе атмосферата од оваа земја на далечниот Исток.

„Пред две-три недели луѓето беа исплашени, но тогаш државата презеде мерки за заштита и сега е многу подобро. Наскоро би требало да се вратиме во нормала и можеби ќе продолжиме со играњето“, изјави Дамјановиќ.

Вистинскиот хаос во Кореја го создал човек чие име не било објавено, туку во Кореја е познат како „Пациент 31“.

„Од 100 до 200, бројката скока на неколку илјади. Тука во Даегу имаше луѓе кои биле во Вухан и не се пријавиле, а оделе на миса во некои цркви, секти. Една жена ги заразила сите, го уништи градот. Ја викаат Пациентот 31 бидејќи беше 31-вата заболена. Не кажала дека е заразена и останатите не знаеле. Така, од 9.000 во цела Јужна Кореја, кај мене во Даегу има 6.500“, вели 38-годишниот Дамјановиќ, кого го нарекуваат Азиски Ибрахимовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести