Патуваа 8 часа за историскиот настап на Бартон и утнаа 8 гола

Емили и Едвард се брат и сестра и големи навивачи на Бартон, но им се случи вистински малер и долго патешествие од Лондон и Глазгов до Манчестер на историскиот меч на нивниот омилен тим против актуелниот англиски шампион Манчестер сити.

Бартон загуби со неверојатни 9-0 од премиерлигашот, а Емили и Едвард видоа само еден гол, последниот на Ријад Марез во 83-тата минута. Веројатно не жалат многу бидејќи Бартон беше декласиран и нема шанси за финале, иако има реванш во полуфиналето на Лига купот на Англија.

„Патував осум часа од Лондон до Манчестер поради блокада на патот. Четири часа стоевме во место, а билетите беа кај мене, па и брат ми Едвард, кој допатува од Глазгов за да го бодриме Бартон, не можеше да влезе на стадионот. Сега, згора на сè, и загубивме со 9-0. Ова беше ден за заборав, а се надевавме на историја“, изјави Емили.

Тандемот големи симпатизери на третолигашот влезе на стадионот 15 минути до крајот на мечот и ако е за утеха, не го проследи поголемиот дел од бродолмот на Бартон против Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести