Патуваа два дена за да стигнат на Хималаите на старт од квалификациите за СП2022

Вкупно 12 репрезентации денеска и утре се фокусирани на квалификациите за Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар. Иако има уште три години до Мундијалот, во азиската конфедерација започнаа квалификациите.

Од овие 12 селекции, вкупно шест ќе се изборат за следната фаза од квалификациите. Ова се национални тимови кои се најслабо рангирани и тешко дека некој од нив ќе може да се надева на некакво чудо. Денеска се одиграа пет меча, а најинтересна е приказната за дуелот меѓу Бутан и Гуам. Овој меч се одигра во „срцето“ на планинскиот венец на Хималаите.

Фудбалерите на Гуам мораа да патуваат дури 48 часа за да стигнат до стадионот. Ако се знае дека реваншот е на 11 јуни, тоа значи дека за пет дена треба да бидат одиграни два меча, а вкупно од седум дена, играчите во пат ќе поминат четири дена. Од фудбалски аспект, Бутан победи минимално со гол во првото полувреме.

Во останатите мечеви кои се одиграа: Монголија – Брунеј 2:0, Камбоџа – Пакистан 2:0, Лаис – Бангладех 0:1, Макао – Шри Ланка 1:0. Утре од 14:45 часот ќе играат Малезија и Источен Тимор.

 

- Оглас -

Најнови вести