Патувал 4.500 километри за да го види Адетокумбо, но Јанис остана на клупата, а Милвоки направи голем пресврт (Видео)

Шест НБА-меча се одиграа утрово во најсилната кошаркарска лига во светот, а многу возбудливо беше во Милвоки, каде што домашниот тим славеше над Лос Анџелес клиперс со 113:106. Повеќе од три четвртини гостите го контролираа резултатот и водеа, а во средината од третата четвртина имаа и највисоко водство од 15 разлика (74:59).

Сепак, Милвоки не се предаде и Бакси иако беа без својот најдобар играч Јанис Адетокумбо (повреден), успеаја да направат пресврт. Во последната четвртина Клиперс имаше предност од 96:90, а потоа следуваше одлична игра на домаќините и со серија од 15:0 стигнаа до предност од 105:96, па до крајот успешно ја сочуваа предноста.

Интересно беше кога Адетокумбо се загреваше, а на трибините се појави транспарент од еден навивач дека пропатувал 2.787 милји (околу 4.500 килоемтри) за да го види грчкиот центар како игра, но тоа не се случи.

За Милвоки ова беше шеста победа во низа и со вкупно 41 триумф во 61 меч се сигурни како втор најдобар тим на Истокот, каде што убедлив лидер е Бостон со 48 победи од 60 натпревари.

Многу понеизвесно е на врвот во Западот. Минесота пред своите навивачи го победи Портланд со 119:114, па сега овој тим е лидер во Западната конференција со 43 победи и 19 порази. Оклахома падна на второто место со 42 победи и 19 порази откако загуби на гости кај Лос Анџелес лејкерс со 116:104. Со биланс од 42 победи и 19 порази е и актуелниот НБА-првак, Денвер нагетс.

Резултати: Бруклин – Мемфис 102:106, Милвоки – ЛА клиперс 113:106, Минесота – Портланд 119:114, Јута – Вашингтон 127:115, Сакраменто – Чикаго 109:113, ЛА лејкерс – Оклахома 116:104.

 

- Оглас -

Најнови вести