Пауло Дибала добива договор да остане до 2025 година во Јувентус

Италијанските медиуми потврдуваат дека Пауло Дибала ги договорил сите услови за останување во Јувентус до 2025 година. За потпис на новиот договор се чека само да може во Италија да пристигне агентот на Дибала.

Аргентинскиот напаѓач ќе добие многу поголема плата од таа што досега ја заработува во дресот на Старата дама. Дибала сезонава одигра вкупно 32 меча во кои постигна 12 голови, а имаше исто толку асистенции, потврдувајќи дека е еден од клучните играчи во нападот.

Дибала дојде во Јувентус во 2015 година од тимот на Палермо и досега има одиграно 216 мечеви во кои постигнал 91 погодок. Новиот договор ќе значи дека Дибала е подготвен да одработи една деценија во дресот на гигантот од Торино.

- Оглас -

Најнови вести