Павар си оди од Баерн, списокот на клубови коишто го сакаат е импресивен

Сè поизвесно е дека Бенжамен Павар летово ќе си замине од Баерн Минхен и следната сезона ќе има нов клуб. Францускиот репрезентативец во Минхен мина четири сезони, во кои освои сè што можеше да се освои, а во својата кариера освои и Светско првенство со Франција.

Интерес за фудбалерот на Баерн Минхен има од Барселона, Ливерпул, Челзи и Манчестер сити и тој ќе биде на слатки маки да се одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера.

Дваесет и седумгодишниот одбранбен фудбалер за Баерн Минхен одигра 111 натпревари во сите конкуренции.

- Оглас -

Најнови вести