Внимавајте кога се обложувате – домашниот терен веќе не дава никаква предност

Елитниот европски фудбал повеќе од две недели повторно е на сцена и тоа благодарение на натпреварите од германската Бундеслигата. Дури четири кола се одиграа во забрзан ритам, а Германците покажаа дека фудбалот може да се игра и во време на корона-вирусот. Во следните 20 дена е најавено продолжување на мечевите и во Англија, Шпанија и Италија, што значи дека летово ќе биде многу интересно на клупски план.

Додека се чека продолжување на првенствата во Англија, Шпанија и Италија, Баерн Минхен речиси сигурно си ја заврши работата и чекори кон нова титула во Бундеслигата. По враќање на терените, Баерн е единствениот тим во Германија што победи на сите четири дуели, па сега на пет кола до крајот има дури седум бода повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

Тоа што беше впечатливо по враќањето на фудбалот на чии терени нема гледачи е фактот дека предноста на домашниот терен е речиси целосно загубена. Во Бундеслигата досега се одиграа дури 36 натпревари, а домаќините се радуваа само на осум победи. Тоа значи дека домаќините победиле само на малку повеќе од 20 отсто од натпреварите, а тоа е многу помал процент од тоа кога има публика на трибините, кога домаќините победуваат на повеќе од 40 отсто од средбите.

Токму затоа, кога ќе продолжат средбите во останатите најсилни лиги, Селекторот ве советува многу да не го земате предвид местото на одигрување на средбите, затоа што на теренот атмосферата е како да се игра пријателска или да е некој тренинг меч.

Летово во фокусот требаше да биде Европското првенство, но за првпат во историјата континенталното натпреварување е одложено, но сепак фудбалот нема да недостасува. Ако се пресметаат мечевите кои треба да се играат во трите најсилни првенства кои чекаме допрва да започнат, во период од 52 дена ќе се одиграат вкупно 336 средби.

Во овој период, кога уште е голема опасноста од корона-вирусот, ве советуваме да ги следите сите препораки за зачувување на вашето здравје, а една од најсигурните опции е да уплаќате онлајн во Sport Life обложувалниците, каде што може да добиете и бонус до 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести