Педри конечно замина на заслужен одмор

Младиот фудбалер на Барселона, Педри, конечно замина на одмор. Талентот кој беше исцеден до крај, играјќи цела сезона за Барселона во сите три натпреварувања, а потоа и со репрезентација на Шпанија на ЕВРО 2020 и Олимписките игри, каде исто беше незаменлив, и сезонава играше во првите две кола во шпанската лига, доби две недели одмор.

Педри цела година немаше кога да одмори, постојано беше на тренинзи и натпревари, па од Барса му дадоа двонеделен одмор, кој ќе го користи на родното место на Тенерифе. После мечот со Атлетик Билбао, тој веднаш замина на одмор, а очекувањата се Педри да им се придружи на Каталонците за гостувањето кај Севилја на 12-ти септември.

Но, 18-годишниот Педри нема да одмора две недели. Следниот викенд нема да се појави на дуелот на Барса со Хетафе, но потоа веројатно ќе биде повикан во националниот тим, и ќе треба да игра во квалификациите за СП пред да им се врати на клупските обврски во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести