Педри со гол за победа го прослави јубилејниот 100-ти настап за Барселона (Видео)

Фудбалерите на Барселона со минимални 0:1 славеа на гостувањето кај Жирона во рамки на 19-то коло во Ла Лига.

Со триумфот, Барселона барем до утревечер му избега на Реал Мадрид на шест бода на табелата.

Барселона со новиот триумф кај локалниот ривал сега има 47 бода, додека второпласираниот Реал Мадрид има 41, но утре го чека дерби пресметката со третопласираниот Реал Содиедад.

Херој на Барселона беше Педри кој на најдобар начин го одбележа 100-тиот настап за каталонскиот тим. Педри денеска по 67 пат играше за Барселона во Ла Лига, а исто така има одиграно и 14 натпревари во Лигата на шампионите, осум во Кралскиот куп, шест во Лигата на Европа и пет во шпанскиот Суперкуп.

Голот вреден три бода, Педри го постигна во 61-та минута, откако голманот на домаќините, Газанига, лошо интервенираше и ја пропушти топката која во петерецот ја уфрли Жорди Алба, по што на младиот фудбалер на Барселона не му беше тешко да ја смести во празната мрежа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести