Педри веќе нема да си оди дома со такси

Младиот фудбалер на Барселона познат како Педри го сврте вниманието врз себе откако по натпреварот со Ференцварош од Лигата на шамионитете, дома си замина со такси. Тоа ја изненади јавноста бидејќи многумина веруваа дека Барселона повеќе се грижи за своите таленти. Педри нема свој автомобил, нема возачка дозвола бидејќи е малолетен.

По случката пред „Камп ноу“, која беше снимена, од Барса најдоа решение за проблемот. На Педри сега му е овозможен приватен автомобил и возач, па младиот фудбалер секаде каде што ќе треба да оди, на располагање ќе има кола и шофер. И тоа така ќе биде уште неколку месеци.

- Оглас -

Најнови вести