Педри: Во Реал ми кажаа дека не сум добар, им благодарам што не ме ангажираа

Младиот Педри, кој сезонава е откритие во Барселона и често добива прилика да биде стартер во каталонскиот тим, кажа дека имал можност да заигра за Реал Мадрид, но од Кралскиот клуб го откачиле и му порачале дека не е доволно добар за да нив.

„Бев на проба една недела и отворено ми кажаа дека не сум доволно добар. Благодарен сум што ми кажаа дека не вредам, бидејќи сега сум во тимот кој секогаш го сакав. Чудно ми беше кога го носев дресот на Реал, секогаш повеќе сум бил за Барса“, изјавува сега Педри.

Тренерот Роналдо Куман има голема доверба во него, па дури и го стави меѓу стартерите на Ел Класико. Педри вели дека најмногу се дружи со Тринкао и Ансу Фати.

Неодамна Педри во Скопје играше за младата репрезентација на Шпанија, а сега веќе е и сениорски репрезентативец и се надева на место во тимот на селекторот Луис Енрике за Европското првенство, а можеби ќе игра и на Олимписките игри во Токио.

- Оглас -

Најнови вести