Педро и Милинковиќ-Савиќ го зацврстија Лацио на второто место во Серија А 

Фудбалерите на Лацио продолжуваат со одличните игри во Серија А, и со денешната победа на гости кај Монца од 2:0 се зацврстија на второто место на табелата.

Лацијалите во последните шест гола остварија пет победи и едно реми и сега имаат 55 бода, 16 помалку од лидерот на табелата Наполи кој вечерва игра против Милан во дербито на 28-то коло во Серија А.

Победата на Лацио ја донесоа Педро во 13-та минута и Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој го постави конечниот резултат во 56-та минута.

Специја и Салернитана ги поделија бодовите играјќи 1:1 и ја продолжуваат борбата за опстанок во Серија А. Салернитана поведе благодарение на автоголот на Калдара во финишот од првиот дел, а домаќинот до бод дојде во 70-та минута преку Шомуродов.
Салернитана е 15-та на табелата со 28 бода, а две позиции подоле со три бода помалку се наоѓа Специја.

Болоња со убедливи 3:0 го победи Лацио и ги задржа шансите за пласман во европските купови. Пош, Моро и Бароу ги постигнаа головите за Болоња која сега е осма на табелата со 40 бода, седум помалку од позицијата на Рома која носи пласман во Европа.

- Оглас -

Најнови вести