Педро ѝ се приклучи на Волчицата, ќе игра за Рома до 2023 година

Искусниот шпански репрезентативец Педро Родригес Ледесма пристигна во Рим и треба само да ги мине медицинските прегледи за да стане нов член на Волчицата.

Педро веќе се согласи на сите услови и на договор со новиот клуб до 2023 година, па останува само да се заврши фромалноста и да биде првото засилување во ерата на новиот сопственик на Рома, Дан Фридкин, кој неодамна го купи клубот за сума од околу 600 милиони евра.

Педро има 33 години и играше само за два клуба во кариерата, пред да дојде во Рома. Шпанскиот репрезентативец со 65 настапи за Црвената фурија долго беше во Барселона, уште од 2004 година како младинец во Ла Масија, Академијата на Каталонците, а играше за сениорскиот тим од 2008-2015 година, кога замина за Челзи.

Во клубот од Лондон играше пет години, а сè заедно на клупски и на репрезентативен план има неверојатна колекција од 25 трофеи.

Највредни се трите со Барселона во Лигата на шампионите и златните медали на Светското првенство во 2010 година и две години подоцна на Европското првенство со Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести