Педро Нето со волејчиште ја искина мрежата на Вест Хем (Видео)

Вулверхемптон триумфираше со 2-0 на гостувањето кај слабиот Вест Хем. Гостите се мачеа еден час, а потоа во игра влезе Адама Траоре и тој ги размрда Волците. Најпрвин Траоре нафрли одлично, по што на Раул Хименес не му беше тешко со глава да погоди за 1-0, а потоа од Траоре почна акцијата која заврши со спектакуларен волеј на Педро Нето.

Голот на Португалецот веројатно после мечот ќе сака да го види и голманот на Вест Хем, Лукаш Фабијански, кој немаше прилика да ја види топката додека леташе кон неговиот гол со огромна брзина.

Ова е спектакуларниот гол на Нето со кој беше скршен и онака бледиот отпор на Чеканите:

- Оглас -

Најнови вести