Педроса уште не завршил со возење, ќе го тестира КТМ во следните две години

Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса, од неодамна истакна дека по крајот на оваа сезона ќе ја заврши својата возачка кариера, по 13 години учество во МотоГП шампионатот. Но, Шпанецот нема сосема да се тргне од моторите, бидејќи во следните две години ќе биде тест возач на КТМ тимот.

Значи, ова не е официјална пензија за Педроса, додека потврдата дека ќе соработува со КТМ во јавноста произлезе по првиот денешен тренинг пред трката за Големата награда на Австралија.

„Ќе имаме многу искусен возач кој ќе може да ни помогне да напреднеме како тим. Секако дека Педроса има шо да понуди,  очекуваме успешна соработка. Мора да се обидуваме да бидеме подобри на секаков начин, оваа сезона видовме колкава е конкуренцијата во овој спорт“, истакна директорот на КТМ, Пит Бајрер.

- Оглас -

Најнови вести