Пекинг е лош организатор на ЗОИ – Локацијата за „фристајл“ скијање е очајна (ФОТО)

Од четврти до 20 февруари Пекинг е организатор на Зимските олимписки игри.

Најдобрите спортисти од целиот свет во зимските спортови се натпреваруваат за златните медали. Но, организаторот има големи пропусти од кои спортистите постојано се жалат.

Последен од таа низа е локацијата на којашто се наоѓа патеката за фристајл-скијање. Сликите коишто доаѓаат од Пекинг се лоши, а патеката е „зафрлена“ во некоја индустриска зона и изградена набрзина. Голема е веројатноста дека по оваа Олимпијада патеката ќе биде запуштена и ќе се вклопи во сивилото со околината.

- Оглас -

Најнови вести